MANNOL TECNOST ZA LEPENJE LADILNIK 9966

Лепак за ладилник 325мл. (MANNOL - 9966) Фабрички број: 9966 RADIATOR LEAK-STOP 325ml. - Специјално средство наменето за заптивање разладни

300.00 ден.
Viber Chat
Availability Продавница 2,Продавница 1: 7 парче
BrandMANNOL
Code3944
ID3927
Specifications

Product Details

Лепак за ладилник 325мл. (MANNOL - 9966)

Фабрички број: 9966

RADIATOR LEAK-STOP 325ml. - Специјално средство наменето за заптивање разладни системи кај мотори со внатрешно согорување и системи за внатрешно загревање. Ефикасно ги елиминира загубите на разладна течност предизвикани од семеринзите, заптивките, стегите, малите пукнатини во хладњакот, дихтунгот на глава, водната пумпа и од блокот на цилиндерот. Ја обновува загубената еластичност на семеринзите и заптивките. На тој начин истите ги заштитува од сушење, стврднување, деформирање и напукнување, забавувајќи го нивното стареење, а со самото тоа го продолжува не само нивниот работен век туку и работнот век на водната пумпа. Особено ефикасен во заптивање на микро пукнатините на места кои тешко може да се одредат, а поради кои постои постојана загуба на разладна течност. Делува само на оние места каде има протоци без притоа да ги загуши цевките на ладилникот. По своето делување, самата смеса е отпорна на вибрации, температурни промени, не се измива и не се раствора во разладната течност. Средство кое е компатибилно со сите разладни течности (дури и вода) и е апсолутно неутрално кон сите структурни материјали (матали и легури, пластични и гумени делови).

УПОТРЕБА: Стартувајте го моторот и оставете да постигне работна температура. Пуштете го греењето во возилото. Добро протресете го шишето пред употреба и додадете ја неговата содржина во казанчето за антифриз или директно во хладњакот.  Оставете го моторот да работи во мирување 10мин. Доколку по 3 дена не се елиминираат загубите, тогаш е потребна механичка поправка на ладилникот. Едно шише од 325мл. е доволно за системи со капацитет до 12л разладна течност.

You might also need

Related Items