Испуштете ја старата течност (антифриз) од системот за ладење и наполнете го системот со чиста вода. На адитивот му е потребна чиста вода за правилно да реагира.
2. ЗАГРЕВАЊЕ НА МОТОРОТ:
Запалете го автомобилот и оставете го да работи во место (на лер) сè додека не се отвори термостатот и водата не почне слободно да циркулира низ целиот систем. Доколку е потребно, долејте уште малку вода.
3. ДОДАВАЊЕ НА АДИТИВОТ:
Добро и енергично протресете го шишенцето ABRO SS-822 неколку минути за да се измешаат металните честички наталожени на дното. Внимателно и полека истурете ја целата содржина директно во ладилникот (радијаторот), а НЕ во пластичниот преливен сад (садот за вода).
4. ПРОЦЕС НА ЛЕПЕЊЕ:
Затворете го капачето на радијаторот. Пуштете го парното во кабината на МАКСИМАЛНО греење и најсилна брзина на дување (ова овозможува адитивот да помине и низ малото парно). Оставете го моторот да работи во место 15 до 20 минути или сè додека течењето целосно не запре.
5. ЗАВРШУВАЊЕ:
Откако ќе заврши процесот и течењето ќе запре, по желба/потреба можете да ја испуштите водата и системот да го наполните со нов, свеж антифриз.
ВАЖНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Никогаш не го возете автомобилот додека трае самиот процес на додавање и лепење во тие 20 минути! Никогаш не истурајте го адитивот додека моторот е врел и под притисок за да избегнете изгореници.